Вечерва во рамките од Ла Лига беше одиграни „Ел Класико“ кое на крајот заврши со победа на Реал Мадрид од 2:0.
Натпреварот започна со силен ритам од самиот почеток се играше интезивно со шанси на двете страни, меѓутоа по првите 45 минути гол не видовме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел Реал беше по конкретен, најсериозно се закани Иско и тоа на два пати во неколку минути. При неговиот втор обид Тер Штеген веќе беше совладан, но од гол линијата спаси Жерар Пике.
Моментот на одлука се случи во 71. минута кога Винисиус Жуниор доби една топка од Тони Крос која ја искористи на најдобар начин и го совлада Тер Штеген. Со овој гол Винисиус стана првиот играч роден после 2000 година кој постигнал гол во едно „Ел Класико“:
Toni Kroos literally pointing to tell Vinicius to run in-behind & then assisting him
— Premier League Panel (@PremLeaguePanel) March 1, 2020
Class ? pic.twitter.com/50k5XyUU5Z
Точка на натпреварот стави Маријано Диаз кој после само некоја минута на теренот во првиот настап сезонава погоди за 2:0.
mariano diaz makes it two for real madrid… #rmabar #realmadridbarça #elclasico pic.twitter.com/MDqRJ1Zu28
— Kobe. (@SonOfKobe) March 1, 2020
Реал Мадрид со овој триумф се враќа на врвот од Ла Лига со еден бод предност во однос на Барселона.