Дома Трансфер зона Барса носи три ѕвезди за нула евра

Барса носи три ѕвезди за нула евра

Во Барселона веруваат дека ќе успеат да ги донесат трите најголеми трансфер цели без обештетување на крајот на сезоната.

Тројцата фудбалери се веќе подолго време на списокот на Каталонците и се големи желби на Роналд Куман.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Станува збор за дефанзивецот на Сити, Ерик Гарсија, плејмејкерот на Луверпул, Вајналдум и напаѓачот на Лион, Мемфис Депај.

Куман се обиде уште минатото лето да ги донесе тројцата на „Камп Ноу“, но клубот не успеа да ги договори трансферите.

Нивните договори со споменатите клубови истекуваат на крајот на сезоната, па ќе можат да потпишат преддоговор уште во јануари.

Барселона  не планира да троши пари во зимскиот преоден рок и сака да го донесет тројцата без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…