Дома Топ вести Барса на лето мора да продава играчи за 200 милиони

Барса на лето мора да продава играчи за 200 милиони

Барселона ќе мора да продава фудбалери од актуелниот состав над 200 милиони евра, за да може да прави трансфери во летниот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.

Оваа информација доаѓа по вчерашната изјава на шефот на Ла Лига Хавиер Тебас, кој потврди дека во сегашните услови е невозможно Каталонците да купат нови играчи бидејќи немаат слободни средства за плати.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


 Неодамна, претседателот Лапорта рече дека клубот е во добра позиција, ветувајќи дека ќе го намали буџетет за плати на лето за 150 милиони и дека нема потреба да продаваат играчи од сегашниот ростер.

Минатата година клубот повлече неколку итни економски потези, вклучително и продажба на некои идни ТВ права, за да си дозволи купување на нови играчи.

 Сепак, се верува дека и понатаму имаат долгови од над милијарда евра. Неуспесите во Лигата на шампионите, каде Барселона беше елиминирана во групната фаза не донесоа дополнителни приходи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …