Дома Актуелно Барса го продава Кутињо за да „спаси“ 25 милиони

Барса го продава Кутињо за да „спаси“ 25 милиони

Раководството на Барселона донесе одлука да го продаде Филипе Кутињо во летниот преоден рок, иако Бразилецот пристигна како најскапо засилување во историјата на клубот.

Барселона го купи Филипе Кутињо од Ливерпул за 120 милиони евра, плус 40 милиони евра во форма на бонуси. Според информациите на „Гардијан“, доколку Каталонците го продадат Бразилецот ова лето, 25 милиони од овие бонуси може да не бидат платени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Досега се постигнати три од условите за бонуси: 5 милиони евра за пласман во Лигата на шампионите во првата година, 5 милиони за пласман во Лигата на шампионите во втората година и уште 5 милиони за одиграни 25 средби.

Клубот од „Камп Ноу“ до сега за Кутињо плати 135 милиони евра, па поради тоа за неговата слобода бараат 120 милиони евра. Платата на Бразилецот е исто така доста висока – 14 милиони евра годишно.

Каталонците сметаат дека има неколку клубови кои можат да ја платат бараната сума – Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Пари Сент Жермен.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона најниската понуда која е спремна да ја прифати е 100 милиони евра плус 20 милиони како бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шкендија потврди: Утрешното дерби во Тетово ќе се игра и со гостински навивачи

За разлика од последните натпревари, екипата на Шкендија соопшти дека ќе дозволи присуство…