Дома Топ вести Барса го губи Мориба, Куман тврди: Ситуацијата е ужасна!

Барса го губи Мориба, Куман тврди: Ситуацијата е ужасна!

Илакс Мориба минатата сезона доби прилика во првиот тим на Барселона и таа знаеше како да ја искористи.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Каталонските медиуми потврдија дека менаџерите на Мориба не одговориле на последната понуда за продолжување на соработката.

Во исто време, тие откриваат дека пристигнала понуда од Челзи, кој е подготвен да испрати трипати поголема плата за дијамантот од „Ла Масија“.

Тренерот Роналд Куман ги потврди овие информации и истакна дека е многу разочаран.

„Пред 2-3 недели имав личен разговор со Мориба. Ситуацијата е ужасна, бидејќи тој има само 18 години и знае дека клубот сака да го задржи. Мојот совет до него беше дека парите не се се, на 18 години тој треба да игра натпревари, а не да мисли на парите. Меѓутоа, неговите агенти мислат различно, па затоа сум разочаран“, истакна Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…