Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Фарски Острови присуствуваше и капитенот Енис Барди.
Барди вели дека атмосферата е добра и очекува Македонија да се прикаже во добр светло.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.
Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“, изјави Барди.
Натпреварот против Фарски Острови, Македонија го игра утре од 15:00 часот.