Барселона вчера пред своите навивачи направи голем чекор напред на патот до финалето во Лигата на шампионите. Каталонците со 3:0 го декласираа Ливерпул и само чудо на „црвените“ во реваншот може да ги спречи да стигнат до финалето од најелитното европско натпреварување.
Посебно расположен кај Барселона беше Лионел Меси кој постигна два гола, посебен беше вториот кога погоди на маестрален начин од слободен удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тие моменти Меси ја крена публиката на нозе и собра овации од стадионот.
Редовно кога некој од Меси и Роналдо ќе има ваква магична вечер одново започнуваат споредбите, а сега се огласи Марио Балотели кој даде еден коментар во свој стил.
„Во име на фудбалот немојте да го споредувате со бројот 7 од Јувентус“, напиша Балотели, секако алудирајќи на Кристиано Роналдо.