Дома Трансфер зона Баерн ја „украде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Баерн ја „украде“ големата желба на Манчестер Јунајтед

Баерн Минхен го договори трансферот на дефанзивецот на Наполи, Ким Мин, пренесува еминентниот новинар Фабрицио Романо.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кореецот во договорот со Наполи има откупна клаузула од 50 милиони евра, која неколку клубови беа спремни да ја платат.

До пред неколку дена се тврдеше дека Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис, но Баерн Минхен се вклучи сериозно во трката.

Баварците постигнале договор со играчот и во наредните денови ќе ја активираат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…