Дома Трансфер зона Баерн ја одреди цената за Сабицер

Баерн ја одреди цената за Сабицер

Баерн Минхен е спремен на лето да го продаде Марсел Сабицер за сума од 20 милиони евра, пренесува „Билд“.

Сабицер не беше задоволен од статусот во Минхен и во последниот ден од преодниот рок се пресели во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ немаат опција за откуп на лето, па двата клуба ќе треба да седнат на преговарачка маса, а Баерн веќе ја одредил цената.

Австрискиот репрезентативец веќе запиша три меча за Јунајтед, па клубот од „Олд Трафорд“ најверојатно ќе сака да го откупи на крајот на сезоната.

Сабицер пристигне во Баерн за 15 милиони евра во 2021 година, а Баварците за неговата слобода бараат 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…