Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери му се извини на новинарот, Патрик Гију поради тоа што вербално и физички го нападна после натпреварот од 11-тото коло од Бундес лигата.
Во големото дерби на Бундес лигата, Баерн Минхен беше поразен од Борусија Дортмунд со 3:2. Францускиот новинар, наводно го обвинил Рибери за два примени гола, после што фудбалерот физички го нападнал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инцидентот го потврдија и од клубот, соопштувајќи деак ќе поработат на решавање на проблемот.
Како што јавуваат француските медиуми, Гију бил на разговор во Минхен, а Рибери лично му се извинил во присуство на претседателот Ули Хенес и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Клубот не соопшти дали Рибери ќе биде казнет.