Дома Фудбал Германија Баерн пронајде тренер – пристигнува ЗОРО

Баерн пронајде тренер – пристигнува ЗОРО

Германскиот гигант Баерн Минхен е во потрага по тренер за наредната сезона, бидејќи Јуп Хејнкес има привреме договор до крајот на сезоната.

Се споменува Јулијан Нагелсман, но играчите не се воодушевени бидејќи е премногу млад. Лоаким Лев веќе ја одби понудата, а Јирген Клоп има цврст договор со Ливерпул.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што пренесува еминентниот весник „Билд“, раководството на Баварците наводно започнало преговори со Паоло Фонсека.

Португалецот постигнува одлични резултати со Шахтјор и избори пласман во нокаут фазата од Лига на шампиони.

Ваквата информација сигурно претставува изненадување бидејќи Фонсека нема искуство со водење на голем клуб, а покрај успесите во Брага имаше неуспешна епизода во Порто.

Фонсека се прослави пред неколку дена откако го победи Манчестер Сити со Шахтјор па на пресконференцијата се претстави со маска од Зоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…