Дома Фудбал Германија Баерн потврди: Столчето на Анчелоти е сигурно!

Баерн потврди: Столчето на Анчелоти е сигурно!

Претседателот на минхенски Баерн, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека иднината на тренерот Анчелоти во клубот „не е предмет на расправа“.

Баерн Минхен, во последните две недели доживеа две болни елиминации, во Лигата на шампионите од Реал и во националниот Куп од Борусија Дортмунд.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Карло е добар и искусен тренер. Познато е колку е времетраењето на неговиот договор и тука нема простор за дискусија. Се случија некои работи на кои не можевме да влијаеме. Повреди, судии, недостиг на среќа“, изјави Румениге.

Карло Анчелоти минатото лето пристигна во Минхен и потпиша тригодишен договор со Баерн.

И покрај елиминацијата во ЛШ и Купот на Германија, Баерн е на добар пат петти пат во низа да ја освои титулата во Бундеслигата. Доколку викендов Баерн го победи Волфсбург, а Лајпциг не го совлада Инголштат, тогаш и теоретски ќе стане шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Бомба“: Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Донарума!

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и на Пари Сен-Жермен Џанлуиџи Донарума …