Дома Трансфер зона Баерн најде замена за Левандовски

Баерн најде замена за Левандовски

Баерн Минхен е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона, кој може да биде долгорочна замена за Роберт Левандовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оглед на тоа дека договорот на Левандовски со Баерн има уште една година, Баерн ќе мора да го продаде на лето, а веќе почнал да бара негова замена.

Прва желба на Баварците е голтерегот на Ајакс, Себастијан Халер, пренесува „Газета дело Спорт“.

Халер игра фантастична сезона во Ајакс каде на 38 меча постигна 33 гола, а во групната фаза од Лигата на шампиони постигна 10 гола.

Овој 27-годишен напаѓач претходно беше во Вест Хем, но не се прослави во Премиер лигата, а сега во Ајакс игра во животна форма.

Баерн стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…