Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин е мета на многу европски гиганти и се очекува голема битка за неговиот потпис.
Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кореецот во договорот со Наполи има откупна клаузула од 60 милиони евра, која неколку клубови се спремни да ја платат.
До пред неколку дена се тврдеше дека Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис, но Баерн Минхен се вклучи сериозно во трката.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Баварците се во напредни преговори со Ким и се спремни да ја платат откупната клаузула.
#Calciomercato | @FCBayern – #Kim, la trattativa sta andando avanti. I bavaresi sono in pole per pagare la clausolahttps://t.co/Iy2zjFqUbK
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 15, 2023