Баерн Минхен за вчера вечер закажа вонредна прес-конференција за денес во 12 часот.
Конференцијата сигурно е закажана поради лошите резултати на клубот во последно време, но засега нема информации дали Нико Ковач би можел да биде отпуштен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гигантот од Минхен веќе четири натпревари не знае за победа.
Во Бундес лигата ремизираа против Аугусбург, а губеа од Херта и Борусија Менхенгладбах, додека во Лигата на шампионите одиграа нерешено против Ајакс. Последната победа ја запишаа на 22.09 против Шалке.
Пред новинарите ќе седна Нико Ковач и целата управа на Баерн.
„После конференцијата од 11 часот ќе се одржи уште една, на кој ќе присуствуваат Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ“, најавија од клубот.
? Nach dem Pressetalk mit Niko #Kovac um 11:00 Uhr findet morgen um 12:00 Uhr ein weiterer Pressetalk mit Uli #Hoeneß, Karl-Heinz #Rummenigge und @Brazzo statt. Beide gibt's LIVE auf https://t.co/ARPJxWe8Iy und https://t.co/wrelO8947W. ?#FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/lz1NRQAk6n
— FC Bayern München (@FCBayern) October 18, 2018