Баерн Михен е силно заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер, пренесуваат германските медиуми.
Баерн веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажуваат уште Милан и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сабицер влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па Лајпциг е спремен да го продаде.
Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека Австриецот побарал трансфер, а клубот за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Нагелсман одлично го познава Сабицер, а неговиот агент веќе ги договорил личните услови со Баварците до 2026 година.
Marcel #Sabitzer has decided not to extend his contract with #Leipzig (expires in June 2022). #BayernMunich have shown interest for him. Ready a contract until 2026. Leipzig ask €20M at least to sell the midfielder. #transfers
— Nicolò Schira (@NicoSchira) August 3, 2021