Дома Фудбал Германија Баерн избра тренер за следната сезона

Баерн избра тренер за следната сезона

После отказот на Карло Анчелоти Баерн го ангажираше Јуп Хејнкес како приверемо решение, па Баварците веќе неколку месеци се во потрага по тренер за следната сезона.

Медиумите пишуваа дека прва мета е Нагелсман од Хофенхајм, но раководството смета дека е премлад и неискусен да води голем клуб како Баерн Минхен.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Денешното издание на „Билд“ тврди дека Баварците веќе одлучиле, па шанса да го води Баерн Минхен од следната сезона ќе добие Томас Тухел.

Тухел две години беше на кормилото на Борусија Дортмунд, а потоа доби отказ поради несогласување со претседателот Вацке, но и со неколку играчи од тимот.

Наводно и самиот Јуп Хејнкес му препорачан на раководството дека Тухел би бил идеален негов наследник на кормилото на баварскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…