Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн доживеа дебакл, а на Тухел му било забавно!?

Баерн доживеа дебакл, а на Тухел му било забавно!?

Maнчестер Сити вчера доминираше против Баерн Минхен и славеше убедлива победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со 3:0. Победата можеше да биде и поубедлива, но Зомер забележа неколку одличнии нтервенции.

Томас Тухел кој од неодамна е во Баерн по натпреварот даде изјава која сигурно не им се допаднала на навивачите, тврдејќи дека било забавно…

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„До грешката на Упамекано бевме добри. Не сакам да зборувам лошо за нашата игра, вљубен сум во овој тим. Можеби звучи чудно, но денес беше забавно“, изјави Тухел.

Тухел исто така потенцираше дека и покрај убедливата победа се уште ништо не е решено и дека мора да одиграат на високо ниво и во реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

От Сити уверени дека го обезбедиле потписот на англискиот репрезентативец

Од Манчестер Сити веруваат дека ја добиле трката за потписот на Елиот Андерсон, тврди екск…