Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамаил Мусиала потпишал нов договор со Баварците, информира „Билд“.
Веста доаѓа на денот кога талентираниот фудбалер наполни 18 години. Мусиала потпишал договор на 5 години и ќе добива 5 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мусиала е роден во Германија, но дел од своето детство го помина во Англија. Кариерата ја започна во Саутемптон, потоа во Челзи, а во Баерн пристигна во 2019 годин.
Тој поседува двојно државјанство, но донесе одлука да игра за германската репрезентација.
Мусиала оваа сезона има одиграно 16 меча во Бундеслигата на кои постигна 3 гола, а пред неколку дека постигна гол против Лацио во Лигата на шампиони.