Дома Фудбал Го изненади Лапорта и ја предаде Барселона: Договараше нов договор, а потоа замина во ПСЖ

Го изненади Лапорта и ја предаде Барселона: Договараше нов договор, а потоа замина во ПСЖ

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, го изрази своето незадоволство од одлуката на младиот талент да замине во Париз, иако претходно имале договор за продолжување на соработката со матичниот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Осумнаесетгодишниот офанзивен фудбалер Дро Фернандез, кој има договор до јуни 2027, е близу до трансфер во ПСЖ, кој ќе плати малку повеќе од откупната клаузула вредна шест милиони евра.

„За ова ќе разговараме кога сѐ ќе се реши, бидејќи ситуацијата беше непријатна“, истакна Жоан Лапорта за Каталонија Радио.

„Беше изненадување бидејќи имавме договор за друго решение за неговиот 18-ти роденден“, продолжи водителот на Барселона.

„Но, за наше големо изненадување, неговиот претставник нѐ информираше дека не може да го исполни тоа што претходно го договоривме“, односно продолжувањето на договорот со Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…