Дома Фудбал Најголемото промашување во Премиер Лигата во сезоната 2025/26 – 60 милиони евра за една година без гол?

Најголемото промашување во Премиер Лигата во сезоната 2025/26 – 60 милиони евра за една година без гол?

Нони Мадуеке е без дилема најголемото промашување на досегашната сезона 2025/26 во Премиер лигата, а можеби и пошироко.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ако се земе предвид дека Арсенал за него платил дури 56.000.000 и дека со бонуси можеби ќе достигне и 60, тогаш ова е навистина фрлени пари и тоа огромни.

Верувале или не, Мадуеке е без гол во Премиер лигата точно година дена.

Мадуеке оваа сезона постигнал три гола, но сите три во еден натпревар, против Клуб Бриж на гости во Лигата на шампиони, додека две асистенции додал во ФА купот. На 14 настапи во Премиер лигата нема ни гол ни асистенција, всушност, не одиграл нешто многу, запишал 581 минута во првенствените натпревари.

Но, неговата безголовна серија во Премиер лигата трае многу подолго. Последниот гол во Премиер лигата го дал пред точно година дена, во поразот на Челзи од Манчестер Сити со резултат 3:1, а ако се земе неговиот учинок од почетокот на сезоната 2024/25, во Премиер лигата има постигнато вкупно седум гола, од кои четири против Вулверхемптон кој испаѓа и еден против Саутемптон, кој исто така испадна.

Последната асистенција во Премиер лигата ја запишал против Ипсвич, на 13 април минатата година, а нема потреба да се истакне дека и овој тим испаднал во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Луис Енрике прави чуда со ПСЖ. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата в…