Дома Фудбал Нани го прекина пензионирањето, се очекува пристигањето и на Пјаниќ

Нани го прекина пензионирањето, се очекува пристигањето и на Пјаниќ

Нани, португалскиот фудбалер, реши да стави крај на двегодишното пензионирање и повторно да се врати на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, кој е на прагот на петтата деценија од животот, потпиша едногодишен договор со казахстанскиот клуб Актобе. Овој договор е само еден од многуте планирани засилувања за клубот.

Се очекува дека во Актобе ќе пристигне и поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, кој по заминувањето од московскиот ЦСКА минатата година нема нов ангажман.

Да се потсетиме, 39-годишниот Нани во својата кариера настапуваше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Лацио, Валенсија, Орландо Сити, Венеција, Мелбурн, Адана и Естрела. Тој освои меѓу другото и еднаш Лигата на шампионите и четири пати Премиер лигата. Цетири години помладиот Пјаниќ играше за Мец, Лион, Рома, Јувентус, Барселона, Бешикташ, Шарџа и ЦСКА, и четири пати го подигна трофејот наменет за најдобриот во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На адреса на Мо Салах пристигна понуда каква не се одбива!

Мохамед Салах доби неверојатна понуда за продолжување на кариерата и многу тешко ќе ја одб…