Дома Фудбал Германија Баерн во дербито на колото го посрамоти Дортмунд, Левандовски постигна хет-трик

Баерн во дербито на колото го посрамоти Дортмунд, Левандовски постигна хет-трик

Во дербито на 28. коло од Бундеслигата, или во натпреварот кој требаше да биде дерби, водечкиот Баерн едноставно ја „нокаутираше“ екипата на Дортмунд на „Алијанц Арена“ и на крајот славеше со убедливи 6:0.

Овој резултат повеќе добива значење доколку имаме во предвид дека пет од шесте гола беа постигнати во првото полувреме. Канонадата ја започна Роберт Левандовски, кој вечерва ја имаше главната улога. Најдобрито стрелец на Баерн уште во петтата минута го сволада Бурки, четири минути подоцна Рибери ја затресе мрежата повторно, но неговиот гол не беше признат поради офсајд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, не се чекаше долго Баерн да го удвои водството, уште во 14. минута тоа го направи Хамес Родригез, на асистенција на Алаба од левата страна. Колумбиецот девет минути подоцна запиша и аситенција во убавата акција кој го гол ја круниса Томас Милер за 3:0.

Во самиот финиш од првото полувреме домаќините постигнаа два гола. Прво Рибери во 44. минута му асистираше на Левандовски, за само минута подоцна „избувна“ сам пред Бурки и мајсторски го лобуваше за 5:0 пред заминување на омор.

Во продолжението Беарн го „намали гасот“, но Левандовски не ја пропушти приликата овој триумф да го украси со хет-трик до кој дојде во 87.минута за конечни 6:0.

По овој епилог, Баерн е на чело на табелата со 69. бода, 17 повеќе од второпласираниот Шалке. Со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште шест кола, јасно е дека уште во следното коло можеме да присуствуваме на официјалната промоција каде што Баерн е старо-новиот шампион на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…