Дома Фудбал Италија Ањели доби одговор на коментарот дека Аталанта не треба да игра во ЛШ

Ањели доби одговор на коментарот дека Аталанта не треба да игра во ЛШ

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели предизвика многу негативни реакции со својот говор на „TF Bussines of Football“ самитот во Лондон.

Беше јасно дека Ањели ја користи приликата да ја „турка“ идејата за европската Супер Лига, елитно натпреварување само за најбогатите клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Говорот на Ањели немаше да привлече внимание ако не ја вмешаше Аталанта и помеѓу редови порачаше дека тој клуб не треба да има шанса директно да се пласира во елитното натпреварување како Лигата на шампионите.

„Имам голема почит за се што прави Аталанта, но без интернационална историја и благодарение на само една сезона тие добија пристап до најголемото европско клупско натпреварување. Дали тоа е во ред?“, запраша Ањели.

Сега Ањели доби одговор од градоначалникот на Бергамо, град во кој живеат 120.000 жители.

„Го почитувам Ањели, но навистина не се сложувам со она што го кажа. Покрај елитата на богатите и славните јас преферирам резултати на теренот и заслугите да ги добијат оние кои си го заслужиле местото во Европа со пот и борба. Тоа се нарекува СПОРТ“, гласеше одговорот на Џорџо Гори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…