Вардар одигра фантастичен натпревар против Мотор Запорожје и со победа од 10 гола разлика го обебзеди пласманот во осминафиналето.
Сташ Скубе одигра фантастичен натпревар и постигна осум гола со 100% ефект, а покрај тоа и забележа десет асистенции. Со таквиот настап Словенецот заслужено се најде во тимот на колото во Лигата на шампионите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Освен тоа голот кој го постигна Дибиров после неговата асистенција беше избран за гол на колото.
Stas Skube and Timur Dibirov = a match made in heaven@HCVardar #veluxehfcl #ehfcl #VARZAP pic.twitter.com/WCMO6FYrjI
— EHF Champions League (@ehfcl) February 15, 2020
Во тимот на колото покрај Скубе се уште: Волф (Кјелце), Жоан Кањелас (Пик Сегед), Алекс Душебаев (Кјелце), Ханс Пекелер (Кил), Дескат (Монпелје) и Марио Штајнхаузер (Фленсбург)