Дома Фудбал Атлетико “профитираше“ од казната, Гризман останува?

Атлетико “профитираше“ од казната, Гризман останува?

Изгледа дека Французинот е се поблиску да остане во Атлетико Мадрид и наредната сезона.

Потврдата за забрана за купување ова лето ги сруши сите планови на „Јорганџиите“ за ова лето.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од скапоцените засилувања нема да има ништо, како блага утеха останува тоа што Атлетико ќе може да купи млади и преспективни фудбалери за во иднина, но ниту тие нема да бидат во можност да го облечат црвено-белиот дрес до почетокот на следната година.

Поради сетоа тоа во Мадрид завладеа паника, а наводно управата на Атлетико веќе ставила вето на многу трансфери. Па изгледа дека кризната ситуација го обедини Атлетико како никогаш претходно. Како што сега стојат работите Антоан Гризман е спремен да остане во клубот.

Секако не можеме со сигурност да тврдиме, но изгледа дека Гризман испрати порака дека останува. Имено,  на друштвените мрежи поточно на неговиот личен профил се појави порака со следната содржина „сега, повеќе од било кога претходно“, покрај која додаде хаштагови „Атлетико“ „Сите заедно“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…