Хамес Родригез е на излезна врата од Реал Мадрид и неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Колумбиецот помина две сезони во Минхен, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор, па се врати во Реал каде не добива голема минутажа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хамес се поврзува со клубови од Премиер лигата и Серија А, но Атлетико Мадрид не се откажува од намерата да го донесе во своите редови.
Реал е спремен да го продаде на градскиот ривал, но само доколку пристигне понуда од 40 милиони евра.
„Јорганџиите“ веќе започнаа преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и Колумбиецот е прва желба на тренерот Диего Симеоне.
⚠ James vuelve a querer fichar por el Atlético
— Atlético de Madrid (@Atletico_MD) May 5, 2020
➡ https://t.co/iARpEfisLV #Atleti #fichajes pic.twitter.com/xu8ERA91B8