Атлетико Мадрид и Баерн Минхен ќе има најмногу претставници во финалниот меч на Светското првенство во Катар помеѓу Аргентина и Франција.
Претставници на Атлетико се аргентинските репрезентативци Анхел Кореа, Родриго Де Пол и Нахуел Молина плус француската ѕвезда, Антоан Гризман.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Четворица претставници има и Баерн Минхен, Дајот Упамекано, Бенџамин Павард, Квинсли Коман и повредениот Лукас Ернандез.
Јувентус има тројца претставици (Анхел Ди Марија, Леандро Паредес, Адриен Рабио) и Севиља (Маркос Акуња, Гонзало Монтиел, Папу Гомез).