Поранешниот голман на Реал Мадрид пристигна кај Симеоне.
Атлетико Мадрид го доведе и четвртото засилување!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот голман кој изминатата сезона ја помина во Реал Бетис, Антонио Адан ќе потпише договор до 2021 година. Тој доаѓа како достојна замена за Јан Облак и ќе брани во куп натпреварите или пак кога на Словенецот, Облак ќе му биде потребен одмор.
Адан е дете на Реал Мадрид каде што ги помина сите селекции стигна и до првиот тим каде што помина три години и беше алтернатива на тогаш незаменливиот Икер Касиљас, клубот го напушти во 2014 година кога премина во Каљари. Таму бранеше само пола сезона, потоа следуваше трансфер во Бетис каде што четири ипол години беше стандарден и беше одличен, посебно изминатата сезона.
Пред Адан, Атлетико за 70 милиони евра го доведе Тома Лемар од Монаkо, за 20 Родриго од Виљареал и за 2.5 милиони младиот Неухано Перез од Аргентина. Заминаа само ветераните Торес и Габи.