Шпанските и француските медиуми тврдат дека напаѓачот на Лион, Александр Лаказет ова лето ќе се пресели во Атлетико Мадрид.
Лаказет сака да ја промени средината, а медиумите тврдат дека ќе пристигна на „Винсенте Калдерон“ како замена за Антоан Гризман кој веќе се договори со Манчестер Јунајтед.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според пишувањето на „АС“, Лаказет ќе биде најскапата аквизиција во историјата на Атлетико. Трансферот ќе изнесува 50 милиони евра и со додатни бонуси може да достигне до 60 милиони.
За 25-годишниот Французин интерес покажуваат уште Борусија Дортмунд, Милан и Ливерпул, но се чини дека е веќе позната иднината на Лаказет, кој оваа сезона на 41 меч постигна 31 гол.