Дома Останати Кошарка НБА Атланта предводена од чудесниот Трае Јанг ја прекина низата на Феникс, дербито на Лос Анџелес за Клиперси

Атланта предводена од чудесниот Трае Јанг ја прекина низата на Феникс, дербито на Лос Анџелес за Клиперси

Атланта Хокс на свој паркет славеше против Феникс со 124:115 и така ја прекинаа низата на овој тим од 11 победи.

Фантастична вечер имаше Трае Јанг. За 35 минути на паркетот Јанг постигна 43 поени и додаде пет асистенции. Девин Букер на другата страна уфрли 32 поени, но погоди само еден шут за три поени од осум обиди. Санси и после овој пораз се најдобриот тим во лигата со скор 41:10.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Дербито на Лос Анџелес меѓу Лејкерси и Клиперси им припадна на Клиперси кои славеа со резултат 111:110. Победникот го одлучија поените на Реџи Џексон на четири секунди пред крајот и така продолжија маките за Лејкерси оваа сезона.

Маркус Морис кај победничкиот тим уфрли 29 поени, Џексон додаде 25, додека во редовите на Лејкерси Ентони Дејвис постигна 30 поени. Леброн не играше.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Минесота 117:128, Сан Антонио – Мајами 95:112, Атланта – Феникс 124:115, Торонто – Чикаго 127:120, Голден Стејт – Сакраменто 126:114, ЛА Клиперси – ЛА Лејкерси 111:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…