Аталанта го приреди најголемото изненадување во четвртфиналните натпревари од Лига Европа и со 3:0 славеше на „Енфилд“.
Џанлука Скамака во 38.минута најави сензација, па иако и Ливерпул имаше свои шанси, сепак гостите направија сензација. Скамака со својот втор гол зголеми до полувреме, а конечните 0:3 беа дело на Пашалиќ во 83-та минута.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рома успеа да запише голема победа на „Сан Сиро“ и со минимални 1:0 си замина дома. „Росонерите“ беа подобар противник во текот на целиот меч, но Рома рано дојде до водство со голот на Манчини од корнер.
Рома потоа одигра зрел натпревар и се бранеше, а Жиру беше трагичар кој во две чисти шанси не постигна гол и ја погоди пречката.
Леверкузен со 2:0 го победи Вест Хем на домашен терен, а Бенфика славеше над Марсеј со 2:1.