Дома Фудбал Италија Аталанта во Бергамо прокоцка 3:0 против Торино!

Аталанта во Бергамо прокоцка 3:0 против Торино!

Во рамките на 21. коло од Серија А од 15 часот беа одиграни два натпревари.

Аталанта после само 21 минута водеше со 3:0, а на крајот против Торино освои само бод, бидејќи гостите до крајот успеаа да постигна три гола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Голеадата ја најави Иличиќ во 14 минута, па Госенс постигна гол за 2:0 во 19. минута, а Муриел во 21. минута зголеми на 3:0 и се чинеше дека овде натпреварот беше завршен.

Меѓутоа, Торино намали во 42. минута, откако Белоти прво промаши пенал, но одбиената топка ја смести во мрежата. Бремер во продолжение на првиот дел ги врати гостите целосно во игра.

Во 84. минута тимот на Торино со голот на Боназоли доаѓа до голем бод.

Мало изнандување приреди екипата на Специја, која во гости кај Сасуоло славеше со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси го исфрли најплатениот играч од тимот, а сега се ослободува од него

Поранешната ѕвезда на Челси, Рахим Стерлинг, кој падна во втор план кај тренерот Енцо Маре…