Астон Вила и Барнли вечерва во Бирмингем го одиграа натпреварот од 13. коло во ПЛ, а на крајот немаше погодоци.
На некој начин гостите ја преживеаја опсадата која траеше 90 минути и освоија бод, а домашните би требало да се запрашаат кога е во прашање реализацијата во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку, ова е натпревар во кој Астон Вила го сруши рекордот во ПЛ со 27 удари кон противничкиот гол. Само седум беа во рамките на голот, а останатите главно беа безопасни кон голот на Попе.
Вила сега е 11. со 19 бода, а им следува гостување кај ВБА, додека Барнли со 10 бода е веднаш над опасната зона.