Дома Фудбал Англија АС тврди: Манчестер Јунајтед го контактираше Кристијано Роналдо

АС тврди: Манчестер Јунајтед го контактираше Кристијано Роналдо

Веќе некое време се шпекулира дека Кристијано Роналдо по крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.

Старата дама денеска го игра натпреварот кој ќе одлучи дали ќе се пласира во ЛШ и доколку не успее скоро сигурно е дека Португалецот ќе го напушти клубот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Роналдо со Јувентус има договор уште една година, но претходните недели на големо се пишуваше за тоа дека веќе одлучил на крајот од оваа сезона да го напушти Торино.

Нормално, веќе се поврзува со клубови каде би можел да ја продолжи кариерата, а на почетокот тоа беа Реал Мадрид и ПСЖ.

Сепак, мадридски АС синоќа објави дека челниците на Манчестер Јунајтед веќе го контактирале Роналдо и му понудиле можност да се врати на Олд Трафорд.

Роналдо во дресот на Јунајтед играше од 2003. до 2009. година. Сепак, Јунајтед не сака да врши никаков притисок и само одлучиле да го известат дека може да се врати доколку посакува.

АС пишува дека Роналдо имал разговори и со Оле Гунар Солскјер и му се допаѓа тоа што Јунајтед не врши никаков притисок да се врати, туку на џентламентски начин му порачале дека секогаш има место за него во овој клуб.

Доколку Роналдо на лето одлучи да ја напушти Старата дама тогаш се очекува Јувентус да заработи околу 25 милиони евра од неговата продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус ја сака ѕвездата на Лион

Раководството на Јувентус покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Лион, Рајан Чер…