Како што одминува времето станува јасно дека во Реал Мадрид ќе треба да има една снема на генерации.
Серхио Рамис, Бензема, Модриќ, Крос...Полека влегуваат во поодминати фудбалски години. Флорентино Перез веќе се спрема за подмладување на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал ќе биде подмладен, но според она што се најавува и ќе биде силен. Мадритски „АС“ кој важи за медиум близок на „кралевите“ направи една анализа на ситуацијата како би можел да изгледа Реал во блиска иднина.
Според она што се пишува во медиумите тие направија тим во формација 4-2-3-1. Во нивнито тим останаа само две празни позиции, партнерот на Варан во одбраната и најистурениот во нападот.
Ако погодуваме во нападот би можел да биде Ерлинг Халанд. Неговиот татко во текот на вчерашниот ден изјави дека Ла Лига би било идално место за неговиот син, а со оглед на тоа како се развива скоро сигурно во предвид од Шпанија доаѓаат само Реал Мадрид и Барселона.