Во последно време многу се шпекулира со иднината на напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг.
Обамејанг влегува во последната година од договорот и не е тајна дека има неколку понуди од европски гиганти, но во Арсенал се надеваат дека напаѓачот ќе остане на „Емирати“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На оваа тема денес зборуваше и тренерот Микел Артета кој е убеден дека Африканецот ќе остане во Арсенал.
„Имавме многу дискусии со Пјер, со неговото семејство и со неговиот агент. Прилично позитивен сум дека ќе најдеме конечен договор. Мислам дека наша одговорност е да направиме да се чувствува дека тоа ќе е вистинскиот чекор во неговата кареира. Во таа насока, тој треба да биде ценет, треба да чувствува дека припаѓа кај нас“, изјави Артета.