Микел Артета во изјава за англиските медиуми истакна дека неговиот Арсенал ќе биде активен во јануарскиот преоден рок.
Причина е повредата на Габриел Жесус, Арсенал ќе бара ново засилување во нападот, но очигледно тоа нема да биде се.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ќе му треба време, сигурно“, одговори Артета на прашањето за состојбата на Габриел Жесус.
„Ќе бидеме активни и сакаме да го засилиме тимот“, додаде шпанскиот стратег.
Кој е решението?
Арсенал долго време е заинтересиран за младиот Микајло Мудрик од Шахтјор.
„Не можам да кажам дека нема интерес кога има. Сепак, тој денес е тука, со нас, од 9 јануари ќе биде на тренинзи, ќе се подготвува за следните натпревари во Европа“, изјави Николини, спортскиот директор на Шахтјор.
Мудрик постигна 3 гола и додаде две асистенции во Лигата на шампионите во група со Лајпциг, Селтик и Реал Мадрид. Неговиот договор со Шахтјор има важност до 2026 година и вреди околу 50 милиони евра.