Арсенал е во потрага по врвен напаѓач, а најголема желба на тренерот Артета е ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ.
Актуелниот договор на фудбалерот со гигантот од Торино истекува во јуни 2026 година, а неговата плата наскоро ќе порасне на 12 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги и бонусите.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Јувентус му нуди нов договор, но преговорите одат тешко, а Влаховиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е во потрага по напаѓач, а најголема желба на Артета е токму Влаховиќ.
„Топџиите“ се спремни да понудат 70 милиони евра за неговиот потпис, а Србинот е отворен за преселба во Премиер лигата.