Арсенал инсистира за потписот на Моисес Каиседо и испратил нова, рекордна понуда до Брајтон.
Англиските медиуми пренесуваат дека „топџиите“ понудиле 75 милиони фунти за Еквадорецот и се надеваат да го комплетираат трансферот до крајот на денот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако се реализира трансферот тоа ќе биде рекорден трансфер во историјата на Арсенал. До моментов наскапа аквизиција е Николас Пепе кој пристигна на „Емирати“ за 80 милиони евра, додека трансферот на Каиседо ќе достигне 85 милиони евра.
Каиседо е примарна трансфер цел на Арсенал, кој претходно испрати две понуди од 60 и 70 милиони фунти, но Брајтон ги одби и двете. Самиот фудбалер инсистира на трансфер и не тренира со тимот веќе неколку дена.