Арон Рамзи ова лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да си замина од Торино после само една сезона, пренесува „Тутоспорт“.
Велшанецот не е задоволен од статусот кој го има кај тренерот Маурицио Сари и малата минутажа која ја добива, па сериозно размислува да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рамзи ова лето пристигна од Арсенал како слободен агент, па доколку на лето биде продаден Јувентус ќе направи нова голема зделка.
Последните информации од Островот се дека Арсенал покажува сериозен интерес да го врати во своите редови.
Новиот тренер на „топџиите“ Микел Артета веќе го контактирал Рамзи за да ја испита можноста за негово враќање на „Емирати“ на лето.