Дома Трансфер зона Jувентус и нуди нова размена на Барселона за да го врати Пјаниќ?

Jувентус и нуди нова размена на Барселона за да го врати Пјаниќ?

Јувентус минатото лето го продаде Миралем Пјаниќ за 70 милиони евра на Барселона и од Каталонците го купи Артур Мело за 80.

Но, ниту Јуве, ниту Барса не добија нешто посебно плус на теренот, па сега се шпекулира за нова размена помеѓу двата клуба. Наводно, Јувентус сега на Барселона и го нуди Арон Рамзи за да го врати Пјаниќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Познато е дека Пјаниќ е „отпишан“ кај Роналд Куман, за него нема место. Меѓутоа прашањето е што Барселона би добила со Рамзи? На Куман му е потребен играч за врска, но Ремзи тешко дека се вклопува со играч каков што бара Холанѓанецот.

Рамзи не е „box to box“ играч за врска, повеќе е офанзивно ориентиран и тешко би можел да се снајде во формација 4-3-3.

Пјаниќ во изминатата сезона одигра 30 натпревари и не забележа ниту асистенција, ниту гол. Во Јувентус играше од 2016 до 2020 и во тој период постигна 22 гола и подели 41 асистенција на 178 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…