Најквалитетниот пар во ¼ финалето е дуелот помеѓу Арсенал и Наполи. Двете екипи сметаат деак можат да стигнат до трофеј. Секако, во ½ финалето ќе патува само едната екипа.
Арсенал: Топџиите се печат на два огна, но многу брзо можат да „изгорат“!
Кога велиме два огна, мислиме на Премиер Лига и Лига Европа. Во Арсенал се одржуваат двата, па се надеваат дека едниот ќе вроди со плод. Две години поминаа без тимот кој 18 години последователно беше дел од европската елита. Што се однесува до домапното првенство, таму е многу неизвесно, а непланираниот пораз на Гудисон од Евертон зададе големи проблеми. Тобџиите се четврти, но имаат ист број бодови колку и Челзи, додека Јунајтед заостанува два бода. Не го забораваме ниту Тотенхем кој е на бод пред Арсенал. Арсенал немаше тешки противници во вториот дел од ова натпреварување, па одлично се снајде и заслужено се пласира во ¼ финалето. Тренерот Емери до последниот момент нема да знае дали може да смета на услугите од Џака и Кошечлни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи: Во Серија А нема на што да се надеваат, па трофејот од ЛЕ изгледа примамливо!
На оваа генерација на Наполи им недостига трофеј. Со години претседателот Лаурентис вложува големи пари за да стигнат до посакуваниот успе, односно Скудето, но Јувентус не дозволува друг да им се приближи. Наполи е повторно втор и тоа е така неколку години наназад. Во групната фаза ремизираа против Црвена Звезда, а тоа резултираше со преселување во ЛЕ. Подоцнежните ривали како Цирих и Салзбург не успеаа да ги запрат Наполи кон целта. Тие рутиснки победија и се најдоа во најдобрите 8 од ЛЕ. Во претходните две кола Наполи освои само еден бод во Серија А. Беа поразени од Емполи, а потоа не успеаа да ја победат ниту Џенова на домашен терен. Сепак, поранешниот тренер мора да признае дека создаде препознатлива игра и игра убава за око.
Веројатни состави:
Арсенал:Лено, Мустафи, Сократис, Монтреал, Мејтланд-Најлс, Рамзи, Гендузи, Колошинац, Озил, Обамејанг, Лаказет.
Наполи: Мерет, Хисај, Максимовиќ, Кулибали, Марио Руи, Кајлехон, Алан, Фабиан Руиз, Зиелински, Мертенс, Милик.