После 24 години како менаџер, дури 22 во Арсенал изгледа дојде време Арсен Венгер да се пресели во канцеларија.
И тоа не било каде – во Пари Сен Жермен! Французинот добил понуда да биде нов спортски директор на францускиот шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како искусен човек (69 години), „Професорот“ не сакал да брза, но не ја ни одбил понудата на „светците“, па според информациите на новинарот Џонатан Џонсон, долгогодишниот известувач за случувањата во ПСЖ ја остава отворена можност да го наследи Ентеро Енрике.
Наводно, арапските сосптвеници не се задоволни од тоа како Португалецот ја извршуваше работата од 2017 година до денес, па му спремаат отказ.
Најголемата замерка се однесува на фактот што клубот во текот на летото не доведе играч за врска кој ќе го замени преспективниот Адриен Рабио – плус, тој самиот одби да го продолжи договорот и наредното лето како слободен играч веројатно ќе го напушти Париз. Уште една причина е тоа што Милан на ПСЖ му го „украде“ талентираниот Лукас Пакета за 35 милиони евра.
Според информациите доколку Венгер не ја прифати понудата, ПСЖ ќе го нападне Шпанецот Мончи од Рома.