Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Арнаутовиќ се извини на македонски и албански: Не сум расист📷

Арнаутовиќ се извини на македонски и албански: Не сум расист📷

Напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ вчера беше во центарот на вниманието по навредите упатени кон Алиоски на мечот против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани во емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Джои Бартон во центарот на скандал, прогласен за виновен за навреда на аналитичарките

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон е прогласен за виновен за објавување на “из…