Дома Фудбал Останато Аргентинец на црниот пазар треба да издвои скоро две просечни плати за – најлошото место во „суперкласико“?!

Аргентинец на црниот пазар треба да издвои скоро две просечни плати за – најлошото место во „суперкласико“?!

Оваа година како што е познато во финалето на Копа Либертадорес ќе се сретнат можеби најголемите фудбалски ривали, Бока Јуниорс и Ривер Плата.

До првиот натпревар од ова епско финале остануваат само уште четири дена и јасно е во Аргентина во овие моменти тоа е главната тема.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во ваквиот спектакл многумина гледаат шанса и за солидна заработка, па така на црниот пазар се појавија влезници по ненормално висиоки цени, дури сто пати поголеми од нормалната.

Просекот на цената за билетите за натпреварите на Бока и Ривер се движат помеѓу 20 и 40 долари, а сега на црниот пазар за најлошите места на стадионот цената е – 1.300 долари!

Секако за подобрите места цената е далеку повисока и изнесува околу 4.500 долари.

Кога во прашање се ВИП ложите цената на една влезница веројатно може да достигне и цена од 8.000 – 9.000 долари.

Овие цени се уште повеќе неверојатни ако се знае дека во Аргентина просечната плата изнесува околу 800 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бензема ја согледува слабоста на Реал: Ќе има натпревари кога тој нема да ја допре топката!

Карим Бензема остави неизбришлива трага во мадридскиот Реал. За неговите извонредни настап…