Дома Трансфер зона Араухо ја одбил понудата на Барселона за нов договор

Араухо ја одбил понудата на Барселона за нов договор

Роналд Араухо има важечки договор со Барселона до летото следнатагодина, а шпанскиот гигант има намера да го задржи затао и му бил понуден нов договор, но 22 годишниот дефанзивец го одбил.

Разговорите помеѓу Барселона и агентот на уругвајскиот дефанзивец се водеа минатата недела, а завршија со понуда од клубот. Араухо ги одбил, пренесува „Марка“ со дополнување дека преговорите се продолжени во пријателска атмосфера.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Најавите се дека и покрај ова одбивање Араухо и Барселона ќе пронајдат заеднички јазик и ќе потпише нов договор. Претходно интерес за Араухо покажаа Манчестер Јунајтед и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…