Дома Фудбал Арапите не се откажуваат од Меси, сакаат повторно да игра со Роналдо во лига

Арапите не се откажуваат од Меси, сакаат повторно да игра со Роналдо во лига

Иако минатото лето потпиша за Интер Мајами, тие се уште не се откажале од Лионел Меси во Саудиска Арабија, пренесува новинарот на Скај Спорт, Руди Галети.

Меси е голема ѕвезда и врвен амбасадор на фудбалот во Соединетите Американски Држави, но челниците на државата Саудиска Арабија подготвуваат нов обид да го донесат на Блискиот Исток.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Со своите ресурси државата се вклучи во зајакнувањето на фудбалот во Саудиска Арабија со носење светски ѕвезди во тамошните клубови.

Кристијано Роналдо е најголемото име досега, но Арапите би го сакале и Меси, па до крајот на кариерата да имаат барем неколку последни меѓусебни натпревари.

Тоа ќе биде еден од многуте обиди да се преговара со Меси, кому минатото лето наводно му биле понудени 400 милиони евра да дојде во Ал Хилал.

Властите на Саудиска Арабија оценија дека тоа ќе создаде ривалство меѓу Ал Хилал и Ал Наср на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…