Билд пишува дека тренерот на Баерн побарал од управата искусниот дефанизвец да остане и да му биде исполнета желбата.
Баерн ја одби понудата од Челзи за Рафиња.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Карло Анчелоти е најзаслужен за тоа, им укажа на важните луѓе дека 32-годишниот Бразилец е многу важен за тимот и дека е неопходен откако Лам ја заврши својата кариера изминатата сезона.
Конте во Рафиља ја гледаше алтернативата за Чембрлејн кој го избра Ливерпул пред Челзи, но овој план пропадна.
Рафиња во Баерн е од 2011. година, пристигна од Џенова, тогаш беше добро познато лице во Бундеслигата, бидејќи пред кратката епизода во Италија пет сезони го носеше дресот на Шалке.
Со Баварците освои 14 трофеи и тоа се чини не е конечниот број…