Реал Мадрид има пад во играта и во моментов е три бодови зад лидерот Барселона во Ла Лига, но дополнително навивачите ги загрижи поразот од каталонскиот гигант во Суперкупот.
„Кралевите“ имаат проблеми во одбраната, иако пристигна Антонио Рудигер минатото лето, а тоа го посочи и тренерот Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пет од шест голови можеа да се избегнат“, кажа Анчелоти по натпреварите против Виљареал, Валенсија и Барселона.
Шпанските медиуми пишуваат дека е време Реал Мадрид да побара нов дефанзивец, а изборот наводно падна на Јошко Гвардиол од Лајпциг, кој чини 80 милиони евра.
Гвардиол беше желба и на Челси, но премиерлигашот не се договори со германскиот гигант, па сега тоа ќе се обиде да го направи шпанскиот гигант.